На барање на публиката повторно изведба на детската претставата „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ на Детското драмско студио „Драмакидз“ во сабота, 01 март, со почеток во 12.00 часот.

„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата, велат од „Драмакидз“.

Во претставата играат Евгенија, Бојан, Ирма, Леона С, Јана, Горазд, Бојана, Наталија, Ангел, Леона П, Марија, Лора, Леа, Матеј, Климент, Софија, Илина, Коста,Борис, Мила, Даријан, Елеонора.

Карти во продажба на билетарата при Центарот за култура, а цената на карта е 150 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 10:00-12:00 часот на денот на изведба на претставата.

OhridNews