Инженерите на НАСА се обидуваат да го санираат истекувањето на гориво од новата ракета, што денеска треба да биде лансирана од космодромот Кејп Каневерал кон Месечината.
Тоа е втор обид за лансирање на ракетата. НАСА има околу два часа поволни услови за лансирање. На 29 август беше стопирано лансирањето поради проблеми со сензор на моторите и истекување на гориво.
Тоа ќе беше првиот лет во програмата на НАСА за истражување на Месечината во 21 век, наречена Артемида по митолошката сестра близначка на Аполон.
Сега нема астронаути во капсулата Орион, која би требало да ја носи ракетата, но наместо тоа има тест-кукли, опремени со сензори за мерење на вибрации, вселенско зрачење и други услови. Под претпоставка да биде успешен пробниот лет со куклите, во 2024 година е планирано во вториот лет околу Месечината да има и астронаути. Во третата фаза е планирано слетување на Месечината и според сегашните проекции тоа би требало да биде во 2025 година.
OhridNews