Денес екипите на ЕВН Хоум повторно ги исклучија од напојување со електрична енергија пумпните станици за водоснабдување во општината и без вода во зимски услови ги оставија повеќето граѓани на општината, реагира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Општината го презеде долгот на ЈП за електрична енергија од 19 милиони денари и редовно го сервисира, а и за овој долг понудивме спогодба, а од другата страна не бевме удостоени со одговор. Добивме толкување од Регулаторна комисија на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија, во кој меѓу другото стои дека дистрибутерот не може да исклучи водоснабдителен систем ако со тоа се загрозува животот и здравјето на граѓаните, но и тоа за ЕВН не важи. Во Дебрца им се може и можат да прават што сакаат, па и да го загрозуваат здравјето на граѓаните, вели Ногачески.

Додава дека во држава во која се е партизирано и ако не си партиски поддржан и заштитен ќе си трпиш притисоци, а преку тебе ќе трпат и граѓаните кои ги претставуваш.

OhridNews