Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 49 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-15, Струга-13, Кичево-21).

На прекшителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршиле 06 контроли во угостителски и други објекти.

Во овој период, регистрирани се 05 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. (Охрид-03, Струга-01, Дебар-01). Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews