Едно лице е повредено во експлозија во јужниот руски град Ростов на Дон што се случи утрово, објави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на полициски извори. Како што се наведува, експлозијата одекнала во близина на училиште, а повреден е домарот на училиштето.

Тој подигнал сомнителен предмет кој веднаш потоа експлодирал. Прстите му биле целосно разнесени, а исто така се здобил и со повреди на стомакот. Работникот бил веднаш пренесен во болница. ТАСС тврди дека бомбата била „маскирана“ како рачна батерија.

Веднаш по инцидентот училиштето и реонот околу него биле евакуирани.

OhridNews
извор Макфакс