Љубителите на театарот, денеска, ќе можат да ја погледнат претставата „Валкани приказни“ во режија на Софија Ристевска, а во изведба на Градскиот театар од Охрид. Текстот е компилација од дела на повеќе автори: Педро Хуан Гутиерес, Рене Полеж, Ева Енслер и Едвард Олби.

Оваа претстава ја освои втората награда на интернационалниот театарски фестивал „Експонто“ во Љубљана, Р. Словенија, а исто така има учествувано и на интернационалниот фестивал „Аполониа“ во Фиер, Р. Албаниа. „Валкани приказни“ гостувала и на репертоарот на Драмски театар во Скопје како и во други градови ширум државата.

Улогите во претставата ги толкуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ.

Претставата ќе биде одиграна во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

OhridNews