Царинските служби на Грција најавија нов штрајк, а со тоа и нови блокади на граничните премини.

Според информациите кои биле испратени до Министерството за внатрешни работи, грчките царински служби ќе започнат со нов штрајк од 6 часот на 14-ти до 6 часот наутро на 24-ти овој месец.

Како што се најавува поради штрајкот ќе биде оневозможен нормален проток на патничките и товарните моторни возила, ќе се пропуштаат само пешаци.

OhridNews