Предворје на Св. Софија
Од 05.09.2018 - 20:30 до 05.09.2018 - 22:00
Поради големиот интерес на охриѓани кои не успеаја да ја видат премиерата на претставата „Во фиока“ на театарската група на Црвен крст Охрид, оваа претстава во рамки на театарскиот фестивал „Вдиши театар 2018“, младите талентирани актери од театарската група при Црвен крст Охрид.
На 05.09.2018 (среда) на сцената во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 20:30 часот, театарската група на Црвен крст Охрид повторно ќе ја изведе претставата „Во фиока“ која премиерно беше изведена во рамки на фестивалот „Вдиши театар“.
Претставата е во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сиона Доленц.
Настанот има хуманитарен предзнак, а средствата кои ќе се соберат во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезовите ќе се наменат за помош на ранливата категорија на граѓани од Охрид и Дебрца.
Инаку, театарската група на Црвен крст со оваа претстава имаше успешен настап на летната сцена во Бар, Црна Гора.
OhridNews