Хроничен зависник од никотин и човек со тешко заболени бели дробови се опоравува во болница во Хонг Конг од тешки повреди здобиени во експлозија која ја предизвикал со истовремено пушење и користење кислород неопходен за нормално дишење.
Неименуван 75 годишен маж предизвикал експлозија палејќи цигара, иако бил поврзан со апарат за кислород чии пластични цевки завршувале во неговите ноздрви, а морал да го користи поради хроничното заболување на белите дробови.
Несреќниот пушач се опоравува од тешките повреди во болница во Хонг Конг. Докторите во медиумите објасниле дека пациентот бил свесен за опасноста, но желбата за цигара била појака од стравот.