Времето денеска ќе биде променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
Ќе дува засилен северен ветер, наместа со брзина над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Охрид до 22 степени.
Во понеделник ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер со брзина над 70 километри на час. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, соопшти УХМР.
OhridNews