На патниот правец Охрид-Кичево, делницата Песочан-Пресека денеска во периодот од 12:00 до 15:00часот ќе има повремени прекини во сообраќајот во двата правца поради минирања што ќе ги врши Илинден АД Струга, информира АМСМ.
Повремените прекини ќе бидат во времетраење од 15 до 20 минути.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските изутринава средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.
OhridNews