Сообраќајот на патот Кичево – Охрид, на делницата Пресека-Врбјани денеска меѓу 12 и 15 часот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути.
Прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни активности на овој патен правец
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но без проблеми во одвивањета на сообраќајот.
Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 50 – 70 метри, информира АМСМ.
OhridNews