Паузата во македонскиот ракометен шампионат поради настапите на репрезентацијата добро им дојде на охридските ракометари.
Во десетдневата пауза се санираа повредите на Крсте Андоновски, Костантин Вешоски, Бојан Белевски и чуварот на мрежата Кирил Колев и со сиот арсенал ќе го охриѓани ќе го нападнат Металург.
– Повредите се минато за нас и конечно на располагање ќе ги имам сите ракометари. На мечот со Металург ќе се менуваме почесто во одбраната за да се трошат многу ракометарите – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Охридските сини на гостински терен имаат серија од две победи, а од тимот најавуваат дека ќе атакуваат на трета која ги лансира на второто место на табелата.
Мх.П.