Охридските ракометари без помошта на голманот Кирил Пецаков и левиот бек Бојан Белевски ќе атакуваат на победа против Металург Јуниор во последниот меч од регуларниот дел во Супер лигата.

Пецаков, кој ја обнови повредата на ногата пропушти неколку тренинзи нема да биде меѓу стативите, а Белевски се пожали на болки по тренингот во четвртокот.

На сево ова кога ќе се додаде и заминувањето на Ристе Томовски и Горан Димитриоски охриѓани со „половина“ ќе им се спротистават на разиграните „јуниори“ кои обезбедија пласман во разигрувањето во Супер лигата.

Мх.П.

OhridNews доделува бесплатни влезници за урнебесното кабаре “2Mothers brothers” вечер во Центарот за култура