Во третата рунда од плејаут лигата охридските ракометари го претрпеа првиот пораз на гостувањето во Радовиш од истоимената екипа 28-24.

Повредите на левиот бек Борче Соколов, левото крило Крсте Андоновски и ситните повреди на Атанас Поп-Стефанија и Бојан Белевски беа главна причина за поразот од лидерот на табелата во плејаут лигата.

– Се надевам дека повредите на Соколов и Крсте не се сериозни и ќе можам да сметам на нив на следните натпревари. Поп-Стефанија се пожали на болки во коленото додека Белевски подолго време влечи повреда, а без четири 100% подготвени ракометари не може да се победи Радовиш – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

В среда пред своите гледачи „гладијаторите“ го пречекуваат тимот на Текстилец.

Мх.П.