Вчера, околу 14 часот во Струга на патот кон селата Делогожда и Поум, на месноста позната како  „Бунар“, лицето М.А. кој бил со возило „Сузуку Витара“  натоварено со дрва,  заедно со својот брат И. А. и лицето Ф.А., биле пресретнати од Б.М., кој со себе носел ловечка пушка. Со него биле неговиот татко Џ.М.(57) од селото Биџево и уште едно непознато лице. Откако М.А.  ги разминал со возилото, Џ.М.  ја зел пушката од синот Б.М.  и од истата испукал 2 патрони во правец на возилото. Притоа му се нанесени  повреди   на  И. А. во пределот на десната дланка , а оштетено е и возилото.

И.А.   бил  пренесен во Медицинскиот центар во Струга, каде му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

Службите при Полициската станица во Струга превземаат мерки за расчистување на случајот.

Ohridnews