Повредените во денешната сообраќајна незгода кои утрово беа хоспитализирани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, се вон животна опасност, информираат од болницата.
– Примени се седум пациенти од кои два беа со потешки скршеници и веднаш беа згрижени, а другите се под опсервација што значи дека во текот на денешниот ден и утре целосно ќе бидат дијагностицирани. Најважно е што сите се надвор од животна опасност. Едно лице од донесените откако беше прегледано, се утврди дека станува збор за лесна повреда и по дадената терапија беше пуштено на домашна нега, изјави д- р Драган Спасески.
Тешката сообраќајна незгода се случи утрово околу 6.45 часот на магистралниот пат Кичево- Осломеј, при што повредени беа 20 лица. Освен во охридската болница, дел од повредените се згрижени и во Ургентниот центар во скопје.
OhridNews
Обновено: Во тешка сообраќајна незгода на патот Кичево- Осломеј повредени 20 лица