Охриѓанецот Мишко Тримче, вработен во експозитурата на Комерцијална банка во Струга кој вчера тешко беше повреден при обид за грабеж на банката, вчера бил опериран на Торакална хирургија во Клиничкиот центар во Скопје. Според информациите на лекарите повредениот е надвор од животна опасност и неговата состојба е стабилна.
Како што информиравме, Мишко Тримче вчера утро околу 7:30 ч. беше нападнат од Дарко Матов кој маскиран и под закана со лажен пиштол се обидел да ја ограби експозитурата на банката. Откако не успеал во намерата напаѓачот со нож му нанел повеќе повреди по телото на вработениот, кој заедно со случајни минувачи и луѓе од околните куќи и дуќани го спречиле во намерата да побегне.
Напаѓачот кој беше уапсен веднаш по инцидентот, дал исказ пред истражен судија кој му одредил мерка притвор до 30 дена.
Г. Момироски
најнова вест: Конечно Струмица падна во Охрид !
читај повеќе: http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=3670