Лицето што во последен момент беше спасено од закотвениот хидроброд што синоќа го зафати пожар во каналот Студенчишта, е надвор од животна опасност, информираат од охридската општа болница.

-Во нашата болница синоќа беше примено едно лице со проблеми во дишењето настанати како последица од вдишување на чад. Истото е детоксицирано, се наоѓа во стабилна состојба и денес ќе биде пуштено од болница, ни изјавија од охридската општа болница.

Оттаму информираат дека повредениот бил бездомник од битолско, за што е известен и Центарот за социјални работи, кој е надлежен за згрижување на овие лица.

OhridNews