Во сообраќајната несреќа што се случи денеска во 13 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „7 ноември“ и „Бекир Алириза“ во Општата болница во Охрид, на повредите им подлегнал Т. Ш. (71) од селото Велгошти.
Тој, управувајќи мопед марка „Томос Спринтер“ без регистарски таблици, на критичното место изгубил контрола и удрил во дрвен електричен столб, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
На местото на сообраќајната незгода, увид изврши Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид поради што, сообраќајот на улицата „7 ноември“ беше пренасочен по споредни улици.
По наредба на Јавен обвинител, врз починатиот ќе биде извршена обдукција, а врз мопедот дополнително техничко вештачење.
OhridNews