На 21.01.2025 во 09.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Врбјани, Општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 39 годишно лице од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72 годишно од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“, како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген бора“ и другите двајца сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
OhridNews