Имено,вчера, околу 16 часот и 10 минути, во ресторантот „ Матадор„ во Струга, службеници од струшката Полициска станица при обид за расчистување на настанат неред, физички биле нападнати од страна на лицето И.Б. (42). Кон нив биле упатени и вербални навреди од страна на лицата В.Д (50), поранешен висок политички функционер, А.А (37) и Џ.Д (33)- сите од Струга.
Во обид да помогне, пристигнал уште еден тим полициски службеници од Охрид, предводен од Помошник началникот на СВР- Охрид. При превземањето на мерките, помошник началникот бил физички нападнат од страна на лицата И.Б. и Џ.Б.- двајцата од Струга, како и од А.Љ. (31) кој е полициски службеник во Одделот за обезбедување од Скопје. Од здобиените удари со тупаници, нападнатите полициски службеници се здобиле со лесни телесни повреди.
Во текот на вчерашниот ден, во Полициската станица во Струга, на разговор биле повикани повеќе лица- учесници во нередот, додека лицето И.Б е лишено од слобода. На лице место, направен е криминалистичко-технички увид, при што не се пронајдени чаури. СВР Охрид и ПС Струга превземаат понатамошни мерки за целосно расчистување случајот, по што ќе следи поднесување на кривични пријави.