На 13.02.2025 во 00.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди била донесена 18 – годишна девојка од кавадаречко село.
Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека при обид преку прозор да излезе од ученички дом во Охрид, паднала и се здобила со повредите, информираат од СВР Охрид.
Се работи на расчистување на случајот.
OhridNews