Ноќеска десет минути пред еден часот во СВР Охрид пријавено е дека во клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, 25-годишно лице од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика. Тогаш одговорното лице во клубот, го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака. Нему му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, додека напаѓачот е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Исто така синоќа, во 01 часот и 50 минути, во СВР Охрид  телефонски пријавен бил пожар на возило на паркинг на булевар „Туристичка“.

При извршен увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител и вешто лице, констатирано е дека опожарен е патнички автомобил „Лада Нива“ со охридски регистарски ознаки сопственост на 45-годишен охриѓанец. СВР Охрид презема мерки за утврдување на причините за пожарот и целосно расветлување на случајот, известува портпаролот на СВР Охрид Димовски.

OhridNews