Тригодишниот слон лутал по прашумите во Камбоџа и заглавил со ногата во ловечка стапица. Го нашле прегладнет и со инфицирана нога. Едвај стоел. Директорот на друштвото за заштита на дивите животни изјавил дека никогаш не видел животно во полоша состојба.
Ветеринарите пресекле 12 сантиметри од инфицираното ткиво и ја исчистиле раната. Не можел да одржува рамнотежа поради изгубената нога. Откако со рендгенска снимка утврдиле дека остатокот од ногата е во ред, стручњаците по протетика му направиле специјална вештачка нога.