На 29.12.2024 во 20.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат од с.Велестово кон Охрид, четирицикл „кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 41 годишно лице од Охрид, излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews