Патниците кои денес се нашле на аеродромот во Мелбурн потполно се збуниле кога во аптеката на терминалот за домашни летови се појавил еден повреден кенгур. Официјалните лица од аеродромот не се сосем сигурни како кенгурот успеал да влезе на терминалот, но животното, кое претходно било удрено од автомобил на една крстосница, и кое крварело, успеало да го најде патот до аптеката.

Продавачите вработени во авикомпанијата Квантас и припадниците на федералната полиција го задржале кенгурот во продавницата додека не пристигнале службениците за заштита на дивите животни кои го одвеле кенгурот во ветеринарна станица. Ова не е прв случај еден кенгур да влезе на аеродромот во Мелбурн. Минатата година едно од овие животни било пронајдено како потскокнува во една од гаражите на аеродромот.