62 годишен јапонец, повреден во сообраќајна несреќа, умрел откако службата за брза помош морала цел час да преговара со 14 болници, пред да најде една која прифатила да го прими.
Мажот кој со велосипед се удрил во мотор во градот Итама, чекал во возилото на брзата помош еден час на местото на несреќата бидејќи болниците одбивале да го примат поради недостаток на специјалисти, опрема, постели или персонал.
Случајот на несреќниот 69 годишен маж е најнов во редица во кои на пациентите им била ускратена лекарската помош, што упатува на проблематичниот систем за здравствена заштита во Јапонија.
Повеќе од 14.000 итни случаи биле одбиени од некои од јапонските болници во 2007 година. Неславниот рекорд го држи жена која имала проблеми со дишењето, а за неопходната помош била одбиена дури 49 пати.