Играч на „Металург“ вчера заврши во болница, а група од педесетина навивачи ја каменуваа управната зграда на фудбалскиот клуб „Шкендија“ ги навредувале играчите на овој фудбалски клуб.
Првиот инцидент се случил вчера по завршувањето на фудбалскиот натпревар „Напредок“ – „Металург“. Пред соблекувалните започнале да се караат домашните и гостинските играчи. Фудбалерот на „Металург“ Игор Кралевски завршил со повреди во пределот на десната слепоочница и грбот и бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Вториот инцидент се случил по завршувањето на натпреварот „Тетекс“ од Тетово и „Тиквеш“ од Кавадарци.
Педесетина „Војводи“, навивачката група на „Тетекс“ се собрале пред зградата и почнале со навреди за играчите на „Шкендија“. Фрлале и камења кон играчите и управната зграда и скршиле два прозорци и оштетиле пет автомобили.
СВР Тетово и полициската станица во Кичево работат на расветлување на инцидентит
“извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com