Инцидентот се случил вчетра попладне во атарот на село Елшани, охридско. Холандски турист се здобил со скршеница, алармирана била Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид која успешно го извлекла повредениот и го предала на екипа од Итната медицинска помош од Охрид, информира Центарот за управување со кризи.

Повредениот холандски турист бил пренесен во специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување.

Изминатото деноноќие на бројот 112 регистрирани биле 2 072 повици. Полни раце работа имале полицијата и брзата помош, а регистрирани се и 15 пожари на отворено.

Г.М.
Фото: Архива