Даниел Редклиф моментално го снима новото продолжение ‘Harry Potter and the Deathly Hallows’. Во текот на пробите за снимање на сцена со летање, каскадерот кој го глуми Редклиф е тешко повреден.


Наводно, настрадал додека снимале сцена со експлозија. Паднал и не ја чувствувал ногата. Итно го превезле во болница. Постои страв дека несреќниот каскадер би можел да остане парализиран. Блиски извори велат дека сеуште чекаат да дознаат што ќе биде со повредениот.