На 04.03.2024 во 16.35 часот, на улицата „15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 59 годишно лице од Прилеп и мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 33 годишно лице од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.
OhridNews