Охриѓанката Ана Стојановска го освои сребреното одличје на тенискиот турнир за јуниорки до 12 години, кој се одржа во Скопје.
Стојановска во финалето поради повреда на раката се повлече и покрај голема желба за играње. Првиот сет охриѓанката го изгуби со 6-2, но немаше сила за вториот да го одигра.
Мина Петреска на турнирот во Скопје стигна до 1/4 финалето, додека исти пласман имаше и Матеа Бимбилоска.
Павел Стевковски, кој е преставник на момчињата од ТК Охрид немаше среќа во ждрепката и во првото коло му падна највозрасниот тенисер на турнирот. Стевковски изгуби во три сетови и не се посрамоти.
Следен турнир на кој охридските тенисери ќе се натпреваруваат ќе се одржи во Скопје на 28 април.
OhridNews