Барселона лесно можеше да се соочи со голем хендикеп пред првиот дуел со Реал Мадрид во 1/2 финалето од Купот на Шпанија. Првата виолина во екипата Лионел Меси се пожали на повреда во текот на мечот со Валенсија но ја доигра средбата.
- Меси има мал проблем. Не знам точно да кажам за каква повреда се работи. Ќе мора да ги почекаме лекарските извештаи. Мислам дека ќе биде добро и ќе игра против Реал Мадрид. – изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.
Меси повторно беше херој на Барселона, но овој пат неговата генијалност беше доволна за реми на Ноу Камп против Валенсија. Аргентинецот на повреда се пожали после вториот погодок.
Првиот полуфинален натпревар во Купот на Шпанија помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра во среда на 6 февруари.
OhridNews