Покрај крилото Крсте Андоновски повреда на дуелот со Металург Јуниор заработи и Борче Соколов, кој го засили Охрид пред почетокот на сезоната.
Без нив двајца стратегот на охриѓани Горан Андоновски ќе биде на вистински маки за дуелот со Преспа од Ресен, кој е прв од втората полусезона во Супер лигата.
Десната рака на Соколов е бандажирана со гипс иако не се работи за скршеница, а Андоновски заврши со скршен нос по дуелот со противничкиот играч уште во првата минута.
Настапот на кавадарчанецот за Охрид против Преспа е крајно неизвесен додека Андоновски со сигурност ќе го пропушти мечот со ресенчаните.
Мх.П.