Стручниот штаб и навивачите на Металург можат да здивнат откако повредата на репрезентативниот ракометар Филип Миркуловски кој ја заработи на стартот од мечот против Азоти Пулави не е сериозна.

Миркуловски по стартот на противничкиот ракометар како покосен падна на теренот, а стадионот во Струга го напушти со болна гримаси на лицето.

По направените снимки и резонанси се покажа дека повредата на ребрата не е сериозна и дека популарниот „Жути“ уште вечер може да настапи против Вардар во финалето.

Фото : Емилио
Мх.П.