Ништо посериозно не е повредата на најдобриот поединец во охридскиот тим американецот Џарид Фрај.

Фрај поради повреда го пропушти првиот натпревар во Холандија,а евидентно беше дека повредата оставила трага во неговата игра.

Јас сакам максимално да го “искористам“ Фрај и го оставам што подолго на теренот за да видиме до каде може. Не се работи за ништо посеризно и по соодветнтата терпија во наредните неколку дена ќе биде подготвен за натпреварот против Работнички –вели Лазовски.

Фрај на синоќешниот натпревар на паркетот помина 30 минути реализирајќи 18 п (5/9 ,1/3 , 5/8) притоа имаше 2 скока, една асситенција и три украдени топки.

М.П.