Второпласираниот Манчестер Сити и менаџерот Пеп Гвардиола се соочуваат со нов проблем, откако поради повреда месец дена од терените ќе отсуствува Кевин де Брујне.

Белгискиот репрезентативецот на повреда се пожали на дуелот со Астон Вила и ја напушти играта, а деталните прегледи покажале оштетување на тетивата.

Де Брујне е капитен и двигател на екипата и ќе биде многу тешко за Гвардиола да го замени во средниот ред од теренот.

Покрај Белгиецот, паузира и Серхио Агуеро. Аргентинецот само што се врати од повреда, се зарази со вирусот ковид -19 и следниве десеттина денови мора да ги помине во самоизолација.

Викендов на Манчестер Сити го очекува меч во ФА купот, а потоа продолжуваат мечевите во англиската Премиер лига.

OhridNews