Повредата на грбот на пејачот на култната ирска група „У2“, Боно Вокс, групата ќе на чини вртоглави 10 милиони долари. Откако го повреди грбот на една проба за концерт во Минхен, Боно ќе мора да одмара во наредните два месеца.


Рокерите морале да ги откажат настапите во 17 градови низ САД во склоп на нивната светска турнеја. Нивниот менаџер изјавил дека групата без оглед дали ги одржува концертите, за време на турнејата мораат да плаќаат околу половина милион долари.