Седумнаесетгодишниот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон. Тој попладнево загуби од домашниот тенисер Џек Пинингтон Џоунс.
Во првиот сет Македонецот добро се „држеше“, но на крајот противникот се радуваше со 7:5.
Во вториот сет, Ивановски заработи повреда на десната нога. И покрај болката, тој не го предаде мечот, но не освои ниту еден гем.
Така со вкупни 2:0 во сетови, Пинингтон, кој воедно е седми носител, се пласира помеѓу осумте најдобри на јуниорскиот дел од Грен слемот.
OhridNews