Чешката тенисерка Петра Квитова почна да тренира по петмесечно отсутво од тенисот. Квитова пред божиќните празници беше нападната во својот дом и претрпе потешки телесни повреди на ексремитетите.
– Се надевам дека оваа фотографија ќе ве израдува. Јас сум во Монако и погодите што правам. Се вратив на тенискиот терен, ги удирам топчињата и се дружам со рекетот. – објави Квитова на социјалните мрежи.
Крадецот и напаѓачот полицијата не го пронајде, а од нејзината куќа тој зел 160 евра и злато во вредност од неколку илјади евра.
OhridNews