Охриѓанецот Намик Осман имаше маестрален кам бек во дресот на Селкаспор, откако во победата над Адијаман 52-24 во младинската лига постигна девет погодоци.
- Во првите два натпревари од полусезоната играв многу малку поради повреда на мускулот. Сега, кога повредата е минато добив прилика и максимално ја искористив. Овој триумф ќе ни биде од голема корист за следните предизвици кои ни престојат во младинската лига. – изјави Осман.
Младинската лига во Турција се игра во турнирски систем, а не во лига. Осман кој е производ на охридската ракометна школа минатата година се пресели во Турција.
OhridNews