Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во Супер лигата РК Охрид, доби противници по мерка во 1/4 финалната група од ракометниот куп, чиј домаќин ќе биде спортската сала „Билјанини извори“.
РК Охрид во 1/2 финалето ќе вкрсти со Металург 2, додека во вториот натпревар од истата група ќе играат Работнички и Струга.
Најнеизвесно ќе биде во групата 3 каде ќе играат двата битолски суперлигаши Пелистер и Еурофарм Работник:
Група 1:
Пролет – Металург
Македонија Ѓ.П. – Прилеп
Група 2
Охрид – Металург 2
Работнички – Струга
Група 3
Пелистер – Вардар јуниор
Младост Богданци – Еурофарм Ракомет
Група 4
Вардар – Борец
Радовиш – Вардар 2
Четвртфиналните турнири од ракометниот куп на Македонија се играат на 22 и 23 април. Победниците од групите ќе играат на завршниот турнир од купот.
OhridNews