Десет илјади копии од едено шведско списание специјализирано за храна се повлечени од продажба откако 4 луѓе се затруле поради грешка во рецептот.
„Грешката беше во рецептот за торта од јаболка. Наместо да пишува 2 индиски ореви, пишувало дека треба да се стават 20 индиски ореви.“ – изјавила уредничката Ула Коке.
„Знаеме дека четворица возрасни изеле торта направена по овој рецепт, и подоцна не се чувствувале добро. Навистина ни е многу жал поради тоа“ – додала таа.
Грешката во списанието веднаш ја откриле, и на своите 50.000 претплатници им испратиле исправка, во која имало и предупредување дека поголеми дози на индиски ореви можат да предизвикаат симптоми на труење.