Португалскиот ас и најдоброт фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо може целосно да се фокусира на фудбалот, откако во судот во Лас Вегас повлечени се обвиненијата за силување кои ги поднесе Кетрин Мајорга.
34-годишната Мајорга минатиот септември го пријави Роналдо пред полицијата во Лас Вегас, тврдејќи дека била сексуално нападната од фудбалерот во неговата хотелска соба во 2009 година. Иако, Мајорга подоцна во 2010 година се договорила со Роналдо, добивајќи 375.000 долари за да молчи за инцидентот, нејзините адвокати тврдеа дека овој договор е невалиден.
Полицијата на Невада повторно ја отвори истрагата за обвинувањата, додека Роналдо постојано ги отфрлаше обвинувањата. Во јануари, полицијата побара ДНК примерок од Роналдо за да спореди дали неговата ДНК е присутна на фустанот на Мајорга.
По овој случај, акциите на Јувентус паднаа за 15 отсто, додека 34-годишниот Португалец беше сменет од насловната страница на компјутерската игра ФИФА.
OhridNews