За време на туристичката сезона 2023 год., за полесно справување со комуналниот отпад кој се создаваше на тешко пристапните плажи на локалитетите Канео и Лабино, ЈП „Охридски Комуналец” постави контејнери во близина на Грашница, под охридското Кале.

Но, контејнерите кои беа поставени за оваа намена беа злоупотребувани за депонирање на секаков вид отпад од околното население, посебно кабаст отпад и градежен шут, деградирајќи го овој простор, злоупотребувајќи ја намената на контејнерите и нашите напори за подобро справување со отпадот од тешко пристапните плажи, велат од претпријатието.

Велат, по завршувањето на туристичката сезона контејнерите се повлечени од оваа локација.

Затоа ги информираме граѓаните, а воедно и упатуваме апел, да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација, додаваат од претпријатието.

OhridNews