На барање на МВР, Фудбалската федерација на Македонија денеска ги повлече картите за натпреварот Македонија – Шпанија, што ќе се игра на 12 август на арената „Филип II“. Причина за тоа бил слабиот квалитет на картите и можноста лесно да се изработат фалсификати, како и сомнителната продажба на картите.
МВР и УЈП вчера ги чешлале просториите на ФФМ, која денеска ги повлече картите од продажба. За мечот со европскиот првак Шпанија ќе бидат испечатени нови поквалитетни карти со жиг, а сите кои имаат стари карти истите ќе можат да ги заменат без надокнада.
ФИФА најави дека ќе го испита случајот со продажбата на карти за пријателскиот натпревар Македонија-Шпанија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com