Неколку кениски универзитети и кенискиот Метеоролошки институт планираат да реализираат заеднички проект со традиционалните повикувачи на дожд.
Целта на проектот е да се поврзат традиционалното знаење и современите методи за временска прогноза, со што ќе му с епомогне на населението да се адаптира на климатските промени.
Повикувачите на дожд се своевидни метеоролози кои за потребите на своите прогнози го проучуваат струењето на воздухот, пеењето на птиците и однесувањето на мравите.
Водителот на проектот, Лабан Огало од Институтот за климатски прогнози, изјавил дека го одбрале местото Нагани, бидејќи таму располагаат со древен систем за временска прогноза кој може да се вклопи во западните методи на испитување на климата.