Дебитанскиот настап на Македонија на Европските првенства, Горан Пандев, го искористи со стил да се збогува од националниот дрес. Пандев после мечот со Холандија во третата рунда од фазата по групи официјално стави точка на репрезентативната авантура, нешто што беше топ тема во светските медиуми.
Сепак, најемотивниот момент се случил во македонскиот автобус кога на телефон на Пандев му заѕвонил Жозе Мурињо. Приказната ја откри Бобан Николов кој гостуваше во „Лазаров Шоу“.
Во момент кога стигнувавме во автобусот на Пандев го побаа Мурињо. Пандев после по краток разговор Мурињо се расплака. Почнавме да плачеме и јас и Стефан Ристовски… Беше многу емотивно, кога една легенда како Мурињо се обраќа на тој начин, – рече Николов.
Токму на барање од Мурињо, Пандев, во јануари 2010 се пресели во Интер и сите заедно го остварија најголемиот успех на еден италијански клуб, освојувајќи титули во Серија А, Лигата на Шампиони и Купот на Италија.
OhridNews