Британската полиција објавила неколку бизарни повици кои ги примиле за време на божиќните празници. Велат дека на некои празниците очигледно им претставуваат период во кој уживаат да ги малтретираат полицајците со неважни прашања.
Така една жена во саботата повикала полиција да праша дали се Папата и Кралицата добро и само сакала да им честита Божик. Полицајците кажале и дека ги повикале за да прашаа како се снаоѓа Дедо Мраз и дали може сите подароци да ги раздели во една ноќ. Иако добро се насмеале, полицајците ги предупредиле граѓаните да ги контактираат само доколку станува збор за сериозни случаи.